Некогашниот италијански репрезентативец Лоренцо Исиње е подготовен за „кам-бек“ во Серија „А“. Тој би можел повторно да се соедини со својот поранешен тренер на Наполи, Маурицио Сари, кој го води Лацио . Сепак, ова може да не се случи до септември.
Инсиње го достигна врвот на својата кариера под водство на Сари во Наполи. Крилниот напаѓач ги напушти „Наполитанците“ во 2022 година и потпиша со Торонто. Сега тој е повторно слободен агент откако го раскина договорот со канадскиот клуб со заедничка согласност, а на 34-годишна возраст не е подготвен да престане со професионалниот фудбал.
Инсиње и Сари разговарале за ситуацијата. Двајцата се ентузијастични за можноста да работат заедно во Лацио. Италијанскиот репрезентативец добил понуди и од Удинезе и Парма, а за него е заинтересирана и Фиорентина.
Главниот проблем е што Лацио моментално е под ембарго за трансфери и не може да потпише нови играчи до јануари, дури ни бесплатно. Можно е до септември да пристигнат повеќе средства за да се овозможат бесплатни трансфери, а Инсиње е подготвен да почека дотогаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

