Инсиње се враќа назад во Италија, пак ќе игра за Сари

Лоренцо Инсиње е многу блиску до камбек во италијанскиот фудбал откако екс-капитенот на Наполи начелно ги договори деталите за 18-месечна соработка со Лацио.

Инсиње е без клуб уште од јули кога му беше раскинат договорот со Торонто, тој беше поврзуван со неколку италијански клубови, но не дојде до потпис со ниту еден од нив. Ситуацијата се промени откако Лацио тргна во офанзива, пред се поради инсистирањето на Маурицио Сари повторно да соработува со еден од милениците во Наполи.

Тренерот на „лацијалите“ беше во директни разговори со Инсиње, во меѓувреме управата се договори за личните услови со агентот на голгетерот, па сега за реализација на трансферот се чека само да биде крената забраната за трансфери врз римскиот клуб.

„Многу сме блиску, треба само клубот да го реши својот проблем со трансфери. Лацио го сака Инсиње поради неговите специфични квалитети, а Лоренцо ја прифаќа идејата пак да игра за Сари. Останува да се отстрани тој последен проблем“, прокоментира агентот на Инсиње, Андреа Д’Амико.

Се вчитува...