Наполи попладнево го пречекува тимот на Џенова во последниот овосезонски домашен натпревар, што беше можност за Лоренцо Инсиње да се збогува од навивачите на „наполитанците“.
Долгогодишниот капитен на Наполи на кајот од сезонава се сели во редовите на Торонто, а при говорот пред тифозите не можеше да ги скрие солзите.
„Голема благодарност до градот кој ми даде толку многу работи во животот. Се радувавме и патевме заедно, некогаш и се расправавме, но секогаш бевме заедно, како едно големо задоволство. Да останам толку долго во Неапол беше прекрасно искуство, но и голема одговорност, што секогаш ја прифаќав со гордост. Засекогаш ќе ми недостигаше, ова секогаш ќе биде мојот дом“, порача Лоренцо Инсиње.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА