Играчот за врска на Челси, Цеск Фабрегас во интервју за „Би-Би-Си“ откри дека имал инсомнија откако Жозе Мурињо добил отказ од Челси.
„Се уште ме мачи како се реши целата ситуација. Често ми се случуваше да легнам во кревет и да мислам на тие „пеколни“ шест месеци, сите лоши работи кои ни се случуваа, поради тие мисли не можев да заспијам. Се уште ме мачи бидејќи се ставам на местото од фановите кои сите имаа исто мислење за нас: „Овие шампиони, а не се ни трудат да играат“. Како да заборавивме да играме фудбал во тие моменти, стоевме во место, немаше подобрување, нашите настапи беа далеку полоши од шампионската сезона, па за се ние бевме виновни. Навивачите дури сметаа дека во тимот има „клан“ кој сака да му наштети на нашиот тренер, тоа не беше вистина, Мурињо се бореше со нас до последно“, вели Фабрегас.
Шпанскиот репрезентативец во инервјуто призна дека се уште е во контакт со Мурињо, иако португалскиот стратег сега раководи со екипата на Манчестер јунајтед.
„Се уште имам контакт со него, со Мурињо се разбирам најдобро, можам да кажам дека со него најмногу се поврзав од сите тренери со кои сум соработувал. Секако, да не го заборавам и Венгер, Мурињо и Венгер се тренерите со кои имав најдобра комуникација“, додаде Цеск.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА