Интер ќе мора цел месец да се снаоѓа без помошта на Ромелу Лукаку откако беше утврдено дека повредата на белгискиот репрезентативец е од посериозна природа.
Лукаку се пожали на болка уште за време на дербито со Лацио, а потоа не го издржа ниту напорот за време на саботниот тренинг во Милано, по што беше јасно дека проблемот не е наивен. Деталните лекарски прегледи покажаа кинење на мускул на ногата, за што вообичаено се препорачува пауза меѓу три и четири седмици.
Белгискиот џин дефинитивно ќе го пропушти големото градско дерби со Милан наредната сабота, потоа мечот од првото коло во ЛШ против Баерн Минхен, а според италијанските медиуми Лукаку би можел да се врати на терените пред репрезентативната пауза, на дуелот со Удинезе закажан за 18 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА