Кристијан Киву не беше најзадоволен од изгледот на тимот на Интер, па управата на клубот реагираше во последниот ден од преодниот рок, со носење на нов дефанзивец и заминување на еден играч од постоечкиот играчки кадар на „нероаѕурите“.
Мануел Аканжи е нов член на Интер откако италијанскиот тим се договори со Манчестер Сити за едногодишна позајмица на швајцарскиот интернационалец. Дефанзивецот ќе ги чини „нероаѕурите“ два милиони евра, а доколку во Интер се задоволни, можат да го откупат до следното лето за дополнителни 15 милиони евра.
Интересно е што Аканжи до пред неколку дена беше поврзуван со преселба во Милан, тој трансфер не се реализираше, за дефанзивецот на крајот да се пресели во Милано, но во редовите на градскиот ривал Интер.
Бенжамин Павар неочекувано го напушта Интер во последниот ден од преодниот рок, продолжувајќи ја кариерата во редовите на Олимпик Марсеј. Французинот беше стандарден кај Симоне Инзаги, но не е дел од плановите на новиот тренер Кристијан Киву. Поради ова Павар самиот побара да си замине во клуб каде што би играл за да може да биде во натпреварувачки ритам пред СП 2026, за на крајот да добие зелено светло за камбек во татковината.
Павар доаѓа на едногодишна позајмица, а Олимпик ќе има можност да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

