Жозе Мурињо вчера беше во Загреб за да го следи мечот меѓу Хрватска и Украина, а една од целите на патувањето на „специјалниот“ му беше и средба со Иван Перишиќ, фудбалер што менаџерот на Манчестер јунајтед сака да го доведе на „Олд трафорд“ за следната натпреварувачка сезона. Самиот Перишиќ е заинтересиран за трансфер, но истиот нема така брзо да се реализира ако се земат во предвид барањата на Интер, кои се многу повисоки од понудата што Јунајтед ја има подготвено.
Имено, понудата на „ѓаволите“ изнесуваше 40 милиони евра, но раководството на Интер нема намера да го продаде хрватскиот крилен офанзивец за помалку од шеесет милиони. Добро познато е дека парите не се проблем за кинеските газди на „нероаѕурите“, кои сигурно ќе бидат упорни во овие преговори. На Мурињо е да реши дали ќе понуди толкава сума за да го доведе Перишиќ, или пак ќе се насочи кон друга опција за позицијата лево крило, каде во моментов најчесто го користи Марсијал.
Португалскиот стратег исто така искажал интерес и за Марсело Брозовиќ од Интер, кој е достапен за трансфер за околу 25 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА