Интер бара нов тренер, отказот за Инзаги е само прашање на време

Катастрофалните резултати на Интер во Серија А придонесоа управата на Интер целосно да ја загуби довербата во Симоне Инзаги, кој ќе добие отказ пред крајот на сезонава. Ремито со Салернитана, по смешниот гол примен во 90. минута, само ја прели чашата со незадоволство кај претседателот Жанг и директорот Марота, кои сметаат дека Инзаги добил доволно кредити што не ги искористил.

На прво место на листата со желби за нов тренер се наоѓа Серџо Консеисао, поранепшниот португалски репрезентативец кој сега со успех го води тимот на Порто. Консеисао сепак неодамна влезе во конфликт со управата, барајќи средства за трансфери за да може да се бори посериозно во борбата за титулата, a недостигот на финансии може да го забрза неговото заминување од „Драгао“. Проблем претставува клаузулата од десет милиони евра што стои во договорот на Порто со тренерот, но „нероаѕурите“ се надеваат дека преку преговори ќе ја намалат оваа сума за да го доведат Консеисао што поскоро на „Џузепе Меаца“.

Ова за Португалецот би претставувало камбек во редовите на Интер, откако настапуваше како играч за овој клуб во периодот од 2001 до 2003 година.

Доколку не успеат да дојдат до Консеисао „нероаѕурите“ ќе се насочат кон Де Зерби, но проблем во случајов е што Италијанецот е решен да остане во Брајтон најмалку до крајот на сезонава, а Интер сака што поскоро да доведе нов тренер за да не се случи фијаско – тимот да не обезбеди учество во ЛШ за наредната сезона. Интер моментно се наоѓа на петтото место на табелата, со еден бод заостанување зад четвртопласираниот Милан.

Се вчитува...