Интер ќе биде без помошта на Николо Барела за клучниот меч од Лигата на Шампионите во кој „нероаѕурите“ ќе му гостуваат на тимот на Борусија Дортмунд.
Италијанскиот репрезентативец се повреди на последниот меч за својот тим, а деталните прегледи за среќа покажаа дека проблемот со повредениот мускул не е сериозен. Барела дефинитивно нема да игра во Дортмунд, ќе го пропушти и следниот меч од Серија А против Кремонезе, но се очекува тој својот камбек на терените да го има против Сасуоло следната седмица.
Барела сезонава настапи на 29 средби во сите натпреварувања за Интер, притоа постигнувајќи еден гол и шест асистенции.
„Нероаѕурите“ по трите порази во низа во ЛШ (од Атлетико Мадрид, Ливерпул и од Арсенал) паднаа на 14. место во ЛШ, па јасно е дека мора да одат на три бода во Дортмунд за што подобра стартна позиција во пресрет на нокаут фазата од елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

