Интер ќе биде значително ослабен на стартот од 2023 година откако беше утврдено дека Марсело Брозовиќ нема да може да му се стави на располагање на тренерот Симоне Инзаги за првите натпревари од продолжението на сезоната.
Хрватскиот играч за врска се повреди за време на СП во Катар, по враќањето во Милано се обиде да влезе во тренажен процес, но повторно се пожали на болка во мускулот на ногата. Деталните прегледи покажаа лесна повреда на мускулот, препорачувајќи пауза од една седмица, што значи дека Брозовиќ ќе го пропушти големото дерби со Наполи, како и наредниот дуел со Монца.
Неиграњето на хрватскиот ас, кој е меѓу најстандардните првотимци на Интер, сериозно ги зголемува проблемите на Инзаги, чиј тим мора да почне победничка серија од самиот старт на 2023 година ако сака да се вмеша во трката за скудетото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА