Интер ќе биде значително ослабен за утрешното гостување против Бодо Глимт во 1/16 финалето од Лигата на Шампионите откако Хакан Чалханоглу отпадна од комбинација и воопшто не отпатува со тимот за Норвешка.
Турскиот ас викендов се врати на терените по пауза од повеќе од еден месец, одигра триесетина минути, но прегледите покажале преоптоварување на мускулите, што би значело ризик од посериозна повреда.
Поради ова, тренерот Киву по консултациите со лекарскиот тим реши Чалханоглу воопшто да не биде во тимот против Бодо, се со цел тој максимално подготвен да го дочека клучниот дел од сезоната.
Покрај Турчинот, дуелот во Норвешка ќе го пропушти и Давиде Фратези, кој поради повреда не беше во комбинација за настап ниту на последното дерби со Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

