Интер ќе биде без помошта на Лаутаро Мартинез за вечерашниот дуел од Купот на Италија во кој „нероаѕурите“ за противник ќе ја имаат екипата на Милан.
Аргентинецот се повреди при тренинзите со националниот тим, по враќањето во Милано последните денови ги мина обидувајќи се да се оспособи за настап против Милан, но самиот Лаутаро обелодени дека таа трка со времето е загубена.
„Направив се што можев за да можам да играм против Милан. Сепак, времето истече, а сезоната е долга. Се уште имаме многу предизвици пред нас. Се гледаме наскоро на терен“, објави Лаутаро Мартинез.
Останува да се види дали капитенот на Интер ќе успее да се рехабилитира за да може да настапи на следниот меч од Серија А против Парма закажан за сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА