Повредата што Лаутаро Мартинез ја заработи на дуелот од ЛШ против Бодо Глимт не е нималку наивна и капитенот на „нероаѕурите“ нема наскоро да го видиме назад на терените.
Интер денеска се јави со соопштение обелоденувајќи дека станува збор за истегнување на мускулот на ногата, по што ќе следи целосно мирување од седум дена, па нови прегледи врз Аргентинецот.
Италијанските медиуми повикувајќи се на извори од редовите на Интер објавија дека паузата на Мартинез ќе изнесува најмалку три седмици, што значи дека тој ќе го пропушти реваншот со Бодо, но и неколку важни средби во Серија А, вклучувајќи го тука и големото градско дерби со Милан закажано за 8 март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

