Интер без Лаутаро на реваншот против Барселона

Фудбалскиот шампион на Италија, Интер се соочува со големи проблеми пред реваншот во Лигата на шампионите против Барселона.

Натпреварот на „Монџуик“ заврши без победник 3-3, меч на кој Интер одигра одлично, но го загуби својот капитен, Лаутаро Мартинез.

Тој има повреда на задната ложа што значи дека во следниот период ќе мора да мирува. Иако од таборот на италијанскиот тим велат дека тие ќе го надгледуваат секој ден и се надеваат дека ќе биде подготвен, но шансите за тоа се минимални.

 

Се вчитува...