Интер без Тареми на Светското клупско поради конфликтот меѓу Израел и Иран

Фудбалерот на Интер Мехди Тареми бил спречен да одлета за САД на Светското клупско првенство поради вооружениот конфликт меѓу Иран и Израел, пренесува „Газета дело спорт“.

Еден од најдобрите ирански фудбалери во моментов не може да се приклучи на тимот кој ќе игра на претстојното клупско светско првенство кое се игра во нов формат.

Како што јави дописникот на италијанскиот „Газете дело Спорт“, Тареми редовно се појавувал на аеродромот со надеж дека ќе може да се качи во авионот, но повторно и повторно морал да се враќа од безбедносни причини.

Целиот воздушен простор над Иран е затворен додека борбите и бомбардирањето продолжуваат. „Нероазурите“ се во контакт со својот играч и се бара решение.

Се вчитува...