Интер ќе биде значително ослабен на утрешното финале од Супер-купот на Италија што „нероаѕурите“ ќе го играат во Ријад против градскиот ривал Милан, откако Маркус Турам отпадна од комбинација за настап на овој дуел.
Францускиот голгетер се повреди и мораше предвреме да биде заменет на полуфиналето со Аталанта, а веднаш по мечот тој беше испратен на детални прегледи во клиниката во Ријад. Резултатите не се премногу сериозни, повредата е минимална, но Турам ќе треба да мирува најмалку два-три дена, за да не се ризикува да дојде до посериозен проблем на мускулот на ногата.
Ова практично значи дека Французинот нема да може да настапи против Милан, но би можел да го има својот камбек на терените на гостувањето против Венеција закажано за 12 јануари.
Во меѓувреме, неговото место за утрешната пресметка со Милан, во нападот крај Лаутаро Мартинез ќе му припадне на Иранецот Тареми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

