Интер и Барселона утре од 21 часот на „Џузепе Меаца“ ќе ги одиграат реванш натпреварот во полуфиналето од Лигата на Шампионите, а тренерот на домаќините, Симоне Инзаги се надева дека дел од тимот ќе бидат Лаутаро Мартинез и Бенџамин Павард.
Аргентинецот и Французинот се под знак прашалник за реванш средбата поради повреди па конечната одлука за настап ќе биде донесена пред самиот натпревар.
„Мотивацијата е клучна, но морате да пристапите со тоа како тие ќе се чувствуваат. Павар вчера одработи тренинг со групата. Чувствува дека е добар. Лаутро е надвор од ритам од средата, но сигурно ќе се погрижат и за него па ќе донесеме одлука по разговорот со него и стручниот штаб“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

