Интер викендов ќе се сретне со Милан во големото градско дерби, дуел на кој избраниците на Симоне Инзаги имаат можност да испишат историја во пресметките со „росонерите“.
Имено, „нероаѕурите“ се во серија од шест триумфи на последните шест дерби дуели со Милан, а ниту еден од тимовите од Милано никогаш не успеал да врзе седум победи во низа на овие пресметки.
Интер лани го демолираше Милан со 5-1, а потоа славеше и како гостин со 1-2, триумф со кој „нероаѕурите“ и математички го осигураа скудетото, славејќи го пред навивачите на омразениот градски ривал. Тоа беше само продолжување на серијата од 2022/23, сезона во која тимот на Инзаги врза четири победи над Милан (со 2-0 и со 0-1 во полуфиналето од ЛШ, со 1-0 во Серија А во февруари 2023 и со 3-0 во финалето на Супер-купот на Италија еден месец претходно.
Фактот дека веќе два пати „кикснаа“ во домашното првенство ќе биде само мотив повеќе за Интер, „пулените“ на Инзаги ќе сторат се за да се вратат на победнички патеки, а евентуален триумф на Интер многу веројатно ќе значи и отказ за тренерот на Милан, Пауло Фонсека, кој беше жестоко критикуван поради слабиот старт на сезоната на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА