Интер даде „два гола предност“, па пукна „петарда“ со Пиза

Интер продолжува со победите во Калчо-лигата откако „нероаѕурите“ вечерва го декласираа тимот на Пиза со 6-2, и тоа откако дуелот го почнаа катастрофално, со предност на гостите од 0-2.

Ваквиот резултат стоеше на семафорот се до 39. минута, но тогаш најпрвин погоди Зиелински од пенал, а потоа мрежата на Пиза со удари со глава ја затресоа Лаутаро Мартинез и Пино Еспозито.

Интер продолжи да доминира и во второто полувреме, но на голови се чекаше се до самиот крај. Слично како и во првото полувреме, избраниците на Киву го декласираа противникот со три гола во самиот финиш, дело на Димарко, Бони и на Мхитаријан.

„Нероаѕурите“ по овој триумф сега имаат шест бода предност во однос на второпласираниот Милан, кој викендов во дербито на колото ќе гостува на Рома.

 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...