Интер се подготвува за промена на голманската позиција откако Андре Онана веќе ги спакува куферите и во следните денови ќе го комплетира трансферот во редовите на Манчестер Јунајтед.
Двата клуба долго преговараа околу трансферот на камерунскиот голман, за Јунајтед на крајот да понуди 55 милиони евра, плус дополнителни пет милиони врзани со неколку клаузули. Интер од стартот на преговорите инсистираше на 60 милиони, по што „нероаѕурите“ дале зелено светло за трансфер и останува само уште да се средат одредени ситници пред Онана и официјално да замине на лекарски прегледи и потпис во Манчестер.
Во меѓувреме, Интер ги стартуваше преговорите со наследникот на Камерунецот, а желба на Симоне Инзаги е тоа да биде Хуго Лорис. Долгогодишниот прв голман на француската репрезентација моментно е слободен играч по истекот на договорот со Тотенхем, на маса има и неколку понуди од Саудиска Арабија, но веднаш ставил до знаење дека во преден план ќе му бидат преговорите со актуелниот вицешампион на Европа. Како што информира францускиот Л’Екип, „нероаѕурите“ подготвиле договор на две сезони за 36-годишниот голман, кој во наредните денови би требало да пристигне во Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

