Европскиот и италијански вицепрвак Интер, се надева дека ќе успее да го доведе напаѓачот на Комо, Нико Паз. 21-годишниот офанзивен играч од средниот ред на Комо постигна четири гола и имаше четири асистенции во седум меча во Серија „А“ оваа година, со што го сврте вниманието кон себе.
Клубот од Милано е подготвен дададе понуда од 58 милиони за неговите услуги. Се шпекулира дека Интер веќе стапил во први контакти за ангажман на офанзивецот, кој игра како офанзивен играч во средниот ред, но може да игра и како класичен напаѓач.
Сепак, Интер може да наиде на пречка, затоа што предност во преговорите има Реал Мадрид, кој може да го врати во своите редови за значително мала сума, со оглед дека „кралевите“ поседуваат 50% од правата. Токму од тука Комо ако сака да го продаде, ќе мора прво да се договори со кралскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

