Интер заврши одлична работа минатото лето со ангажманот на Маркус Турам како нов голгетер во тимот, и тоа без никаква отштета откако францускиот напаѓач пристигна како слободен играч од Борусија Менхенгладбах. „Нероаѕурите“ ќе го искористат истиот рецепт и за наредниот преоден рок, откако начелно договорија уште еден трансфер на голгетер, кој ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ без никаква отштета.
Станува збор за Мехди Тареми, 31-годишниот ирански голгетер кој неколку години наназад со голем успех настапува за Порто. Интер и минатото лето се интересираше за Тареми, но високата отштета што ја бараа Португалците беше причина за трансферот да не биде комплетиран.
Директорот Марота остана во конфликт со агентот на Иранецот, па откако Тареми влезе во последните шест месеци од договорот со Порто сега не постои пречка да биде потпишан преддоговор кој би бил официјализиран на крајот од сезонава. Италијанските медиуми тврдат дека се е договорено, Тареми ќе потпише на две сезони со Интер, со можност и за трета година соработка, за нето плата од три милиони евра годишно.
Тој ќе го заземе местото во тимот на Алексис Санчез, кому нема да му биде понуден нов договор по истекот на актуелната соработка во јуни 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА