Интер доминантно против Џенова, деби-гол на Џеко, цел натпревар за Пандев (ВИДЕО)

Интер доминанто ја почна новата сезона во Серија А триумфирајќи на домашен терен со убедливи 4-0 против Џенова.

Победата на „нераѕурите“ беше најавена со голот на Шкринјар уште во 6. минута, на асистенција на Чалханоглу, а самиот Чалханоглу во 14. минута поведе со 2-0.

 

Во второто полувреме Видал во 74. минута зголеми на 3-0, а Един Џеко со својот деби гол во 88. минута заокрижи на 4-0.

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Џенова, иако без посериозна можност за погодок на дуелот.

Се вчитува...