Интер нема намера да влегува во преговори со Челси за откуп на договорот на Ромелу Лукаку откако белгискиот напаѓач не ги оправда очекувањата на „нероаѕурите“.
Лукаку делуваше моќно додека играше за Интер, но по една година во Челси тој се врати назад на позајмица во Милано и изгледа како сосема поинаков фудбалер, без самодоверба во сопствените квалитети и лесно подложен на повреди. Тој настапи на само 18 средби сезонава, притоа постигнувајќи скромни пет погодоци, што е причина Интер да се откаже од намерата за откуп на неговиот договор со Челси.
„Позајмицата беше договорена на една сезона и кога таа ќе заврши, Лукаку ќе се врати во Челси. Ова не е фудбалерот што имавме навикнато да го гледаме, тој не е во најдобра физичка форма за да може да ги прикаже своите квалитети“, изјави директорот на Интер, Џузепе Марота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА