Светот и натаму е во шок од она што се случи на натпреварот меѓу Данска и Финска на ЕВРО 2020, во очекување на исходот од здравствената состојба на Кристијан Ериксен кој се бореше за живот по срцевиот удар.
На крајот беше префрлен во болница од каде после неколку денови по вградениот имплант под срцето. Поради тоа нема да биде во состојба да игра во Серија А, или Премиерлигата, останувајќи со можност да игра за Ајакс како една од опциите во кариерата, доколку и воопшто би можел да продолжи.
Но, додека тоа не се случи, неговиот актуелен клуб Интер ја покажа својата големина. Без разлика на се, Интер информираше дека ќе го исплаќа Данецот се до крајот на договорот. А, Ериксен, пак, соопшти дека ќе се појави на првиот тренинг на тимот на почетокот од следниот месец.
Порачано му е дека го очекуваат на 8. јули и дека соиграчите сите до еден го повикуваат да биде со нив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА