Интер е нов рекордер во Серија A

Интер со вчерашната победа над Специја, ја продолжи трката за титулата во Серија „А“. „Нероазурите“ славеа триумф од 1-3 со головите на Брозовиќ, Мартинез и Санчез. Интер сега е второпласиран со 69 бодови, два помалку од Милан, и натпревар помалку од ривалот.

Сепак, мечот против Специја влезе во историјата на италијанскиот фудбал. Интер стана првиата екипа која во Серија „А“ славела против 66 различни екипи на гостински терен, и така стана рекордер на „Чизмата“ во оваа статистика.

 

На тој начин Интер го престигна Јувентус кој во гости не успеал да ги совлада екипите на Тревизо и Месина. На трето место на листата се Милан кои на гости не успеал да слави со Лече, Карпи и Авелино.

Се вчитува...