Само неколку минути беа доволни за Барселона да се врати во мечот против Интер, откако каталонците експресно од 2-0 стигнаа до 2-2, враќајќи го овој полуфинален двомеч во целосен егал.
Левиот бек Жерар Мартин сосема неочекувано се претвора во херој на каталонскиот гигант, откако младиот дефанзивец ја забележа и втората асистенција за само неколку минути.
Овојпат Дани Олмо беше стрелец на голот, откако шпанскиот репрезентативец се најде на вистинско место и со прецизен удар со глава го матираше Зомер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

