Интер летово го ангажираше Хуан Квадрадо како слободен играч од Јувентус, колумбискиот ветеран требаше да биде значаен адут на тренерот Инзаги сезонава, но 35-годишниот офанзивен бек се покажа како големо разочарување.
Квадрадо од самиот почеток на сезоната се мачи со најразлични повреди, а и на оние натпревари на кои настапи во дресот на Интер очигледна е неговата недоволна физичка подготвеност. Извори блиски до „нероаѕурите“ тврдат дека Инзаги веќе кренал раце и дал зелено светло Квадрадо веќе во јануари да биде продаден од клубот, за да се остави простор во буџетот за плати за ангажман на некој помлад фудбалер.
Колумбиецот во меѓувреме се пожалил на болка во пределот на тетивата и го очекува нова пауза, од клубот се надеваат дека таа нема да биде премногу долга за да не ги намали шансите за јануарски трансфер. Се очекува Квадрадо по заминувањето од Интер да стави крај на европската авантура, а како следна дестинација се споменува американската МЛС-лига или Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА