Интер го продолжува походот по шампионско скудето откако тимот на Симоне Инзаги вечерва забележa уште една гостинска дерби победа, на „Олимпико“ во Рим против Лацио со 0-2.
Актуелниот европски вицешампион одигра одличен натпревар, чекајќи ја својата шанса и потоа максимално користејќи ги ситуациите во противничкиот шеснаесетник. Првиот гол беше подарок од домашниот дефанзивец Марушиќ, кој во обид да го проигра сопствениот голман му додаде на Лаутаро Мартинез, а Аргентинецот мајсторски ја смести топката во мрежата.
Домаќините беа принудени да се отворат, оставија простор во својата половина, а Интер го искористи тоа за да постигне и втор гол, преку Турам на асистенција на Барела. „Лацијалите“ беа исфрустрирани од случувањата на теренот, па го завршија мечот со фудбалер помалку, по заслужениот црвен картон на Лацари во 88. минута.
„Нероаѕурите“ со оваа победа уште повеќе се зацврстија на првото место на табелата, сега со четири бода предност пред Јувентус и „плус девет“ во однос на градскиот ривал Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА