Интер ги покажа фотографиите од новиот стадион, фановите воодушевени

Интер ги покажа првите две фотографии од проектот за новиот стадион. Планот на „нероазурите“ е да изградат ново модерно спортско здание со капацитет од 70.000 седишта во областа Росано.

Треба да биде модерна, еколошка и лесно достапна арена, а предвидено е да има многу зеленило, како и продавници и други објекти. Мора да биде во согласност со инфраструктурата на Милано и да има лесен пристап до центарот на градот.

„Однадвор ќе биде како спортски град со многу пријатни места за навивачите, како и за сите кои живеат во околината. Објектот ќе биде доградба на блискиот парк и ќе биде максимално искористен 365 денови во годината“, објави Интер.

Проектот е на компанијата која го работеше и стадионот на Тотенхем. Фановите засега се воодушевени од изгледот на новиот стадион.

Прерходно имаше план Милан и Интер да прават заеднички стадион, меѓутоа на крајот двата клуба се решија да тргнат по различни патишта, и секој да си направи свој стадион.

Се вчитува...