Роберто Галјардини до крајот на оваа седмица ќе стане нов фудбалер на Интер, откако „нероаѕурите“ ги договорија сите детали од овој трансфер со раководството на Аталанта.
Тимот од Бергамо ја прифати понудата од два милиони евра за шесмесечна позајмица, со клаузула дека Интер потоа во јули ќе може да го откупи целосно договорот на Галјардини со Аталанта за дополнителни 20 милиони евра. Станува збор за фудбалер за врска на чиј ангажман инсистираше тренерот Пиоли, па се очекува Галјардини експресно да добие шанса во стартниот тим на „нероаѕурите“.
Претходно, тој утре ќе настапи за Аталанта на мечот од Копа Италија против Јувентус, по што в четврток ќе ги мине лекарските прегледи во Милано и ќе му се приклучи на новиот тим.
Доаѓањето на Галјардини најверојатно ќе значи заминување за Кондогбија, фудбалер кој воопшто не ги оправда очекувањата по мултимилионскиот трансфер од Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА