Интер го доведе младиот Бисек (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Архус и млад германски репрезентативец Јан Орел Бисек потпиша договор со Интер до јуни 2028 година, соопшти клубот од Милано.

Бисек ја почна кариерата во Келн, а потоа играше на позајмица во Холштајн, Рода и Гимареш.

Тој е член на Архус од 2021 година, а за данскиот клуб во домашното првенство одигра 62 натпревари и постигна пет гола. Бисек ги мина сите младински селекции на Германија.

Се вчитува...