Италијанскиот калчолигаш Интер е решен да го ангажира Диего Симеоне за нов тренер од следната сезона. Раководството на „нероаѕурите“ на аргентинскиот стратег му испрати неверојатна понуда според која тој би потпишал петгодишен договор и би заработил 55 милиони евра. Дополнително ќе добие и огромен буџет за да состави тим според своите вкусови во обидот да ги врати славните денови на „Џузепе Меаца“.
Интер се обиде претходно со Антонио Конте, но доби „корпа“ од поранешниот италијански селектор, кој е на прагот да ја освои титулата во Премиер – лигата со Челси во првата сезона и сака да продолжи да работи на „Стемфорд бриџ“. Диего Симеоне најави дека еден ден сака да седне на клупата на Интер, со оглед дека во минатото беше играч на овој клуб, но прашање е дали би се одлучил токму сега да дојде во Милано, кога тимот нема да игра во Лигата на шампионите. Аргентинецот веќе шест сезони е тренер на Атлетико Мадрид и со овој клуб бележи фантастични резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА