Иван Перишиќ е еден од најдобрите фудбалери на Интер оваа сезона со 18 настапи во Серија А и шест во Лигата на Шампионите, но „нероаѕурите“ по крајот на сезоната можат да останат без услугите на хрватскиот репрезентативец кога завршува неговиот договор.
Клубот и фудбалерот веќе извесно време водат преговори за продолжување на соработката, италијанските медиуми пренесуваат дека се блиску до постигнување на нов, повеќегодишен договор, но и дека миланскиот клуб веќе ја знае замената доколку не успеe да најде заеднички јазик со играчот од средниот ред.
Станува збор за српскиот интернационалец Филип Костиќ кој би бил природна замена на левата крилна позиција, а во 29-годишникот се гледа како стабилен првотимец. Фудбалерот на Франкфурт оваа сезона одигра 17 натпревари во Бундеслигата на кои три пати ја тресеше мрежата, а седум пати асистираше за своите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА