Интер го носи Рашфорд на позајмица уште во јануари

Маркус Рашфорд и дефинитивно е отпишан кај Рубен Аморим, па англискиот репрезентативец се очекува да го напушти клубот од „Олд трафорд“ уште на самиот старт на новата година.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер е заинтересиран да го донесе англискиот фудбалер веќе во јануари на шестмесечна позајмица.

По крајот на оваа сезона тие би ставиле клаузула во која ќе го откупат договорот на играчот кој минатите десет години ги помина во Манчестер јунајтед.

Перманентниот трансфер би можел да биде проблем поради високата плата која ја има англискиот голгетер и за такво нешто веројатно би се разговарало на лето.

Се вчитува...