Интер го нуди Ачерби за Кансело

Интер притиска во преговорите со Ал Хилал за позајмица на Жоао Кансело до крајот на сезонава, нудејќи го ветеранот Ачерби на клубот од Саудиска Арабија.

Симоне Инзаги имаше беспрекорна соработка со Ачерби како тренер на Интер, минутажата на ветеранот драстично опадна со доаѓањето на Кристијан Кивуу на тренерската функција кај „нероаѕурите“. Дефанзивецот не крие дека би сакал да игра почесто, а преселба во Саудиска Арабија и можност добро да заработи на 37-годишна возраст дефинитивно е нешто што му оди во прилог на овој фудбалер.

Интер сака што поскоро да ја финишира размената, во Ал Хилал исто така се заинтересирани, но се ќе зависи од желбата на Кансело. Последните информации говорат дека Португалецот сонува да се врати назад во Барса, но каталонскиот гигант по првичниот интерес воопшто не испратил понуда.

Разврската се очекува во следните денови, кога ќе стане познато каде ќе настапува поранешниот ас на Манчестер Сити по одлуката за враќање во европскиот фудбал.

Се вчитува...