Хрватот Иван Перишиќ би можел да заврши во Манчестер јунајтед доколку дојде до договор меѓу Интер и „црвените ѓаволи“ за трансфер на Ромел Лукаку.
Добро е познато дека Интер го посакува Лукаку во своите редови, за кого Јунајтед бара 90 милиони евра. Но, Италијанците не може да ја платат таа сума па „нераѕурите“ испратиле понуда од 55 милиони евра против Перишиќ во дресот на Манчестер јунајтед.
Перишиќ веќе две години се поврзува со трансфер во Јунајтед уште од периодот на Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА