Интер го совлада Наполи на гости со 1-3 и славеше во Неапол по повеќе од две децении израмнувајќи се на врвот на табелата со Јувентус со 45 бода, но со подобра гол – разлика. Тимот на Антонио Конте после 22 години одигра одличен меч против „наполитанците“, а херој на победата беше Ромелу Лукаку.
Белгиецот ги постигна водечките два гола за Интер во 14. и во 33.минута. Милик даде мала надеж за Наполи со голот во 39.минута, но во вториот дел Лаутаро Мартинез постигна трет гол за гостите по лошата интервенција на Манолас пред голот на Мерет.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на овој натпревар остана на клупата за резервни играчи и не доби шанса од Џенаро Гатузо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

