Интер го „отпиша“ Тареми

Одисејата на иранскиот репрезентативец Мехди Тареми во Интер зе завршен. Само една година откако го доведоа како слободен агент од Порто, Тареми нема да биде дел од првиот тим на европскиот вицепрвак.

Тареми беше „заглавен“ во Иран поради воениот конфликт, не беше на располагање за Клупското светско првенство, го пропушти големиот дел од подготовките, и затоа „нероазурите“ веќе го отпишаа од секаква можност да настапува за клубот.

Новиот тренер Кристијан Киву дал дозвола да се ослободи фудбалерот, и тоа без никакво обесштетување, односно тимот би бил среќен ако се ослободи од неговатата плата која изнесува три милиони евра по сезона.

Се вчитува...