Интер со 0-2 го совлада тимот на Лече, и така ја зголеми предноста на табелата во однос на Милан на +10 бодови. Избраниците на Кристијан Киву стигнаа до победата благодарение на головите во второто полувреме.
Енрике, Турам и Еспозито пропуштија шанси во првиот дел да донесат предност. Затоа тоа му успеа на Мхитарјан. Ерменецот одлично зафати центаршут, и ја смести топката во голот.
Во 82. минута Димарко изведе корнер до Аканџи, кој успеа да го совлада голманот на Лече, и така да стави печат на победата на својот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

