Интер ја продолжи серијата победи и против Палермо, совладувајќи го тимот на Илија Несторовски и на Александар Трајковски со 0-1. Стрелец на единствениот гол беше Жоао Марио во 65.минута од натпреварот. Несторовски го одигра целиот меч и над него Ансалди заработи црвен картон поради груб старт, а Трајковски беше на клупата за резерви.
Joao Mario Goal HD – Inter 1-0 Cagliari 16.10.2016 by dailyfootballkick
Џенова одигра 2-2 на домашен терен против Кротоне, а Горан Пандев влезе во игра во 61.минута од средбата и успеа да изнуди пенал за својот тим. Сасуоло славеше на гости против Пескара со 1-3, со двата гола на Матри и погодокот на Пелегрини.
Резултати Италија: Болоња – Торино 2-0, Емполи – Удинезе 1-0, Џенова – Кротоне 2-2, Палермо – Интер 0-1, Пескара – Сасуоло 1-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА