Интер го претстави Сучиќ, Динамо Загреб со нова супер-продажба

Динамо Загреб го продолжи трендот речиси секое лето да продава најмалку по еден фудбалер во врвен европски клуб, откако денеска беше комплетиран трансферот на Петар Сучиќ во редовите на италијанскиот и европски вицепрвак Интер.

„Нероаѕурите“ попладнево го официјализираа доаѓањето на хрватскиот репрезентативец, кој би требало да го засили средниот ред на оваа екипа. Сучиќ беше член на Динамо од јануари 2021 година, најпрвин настапуваше за Б-тимот на хрватскиот фудбалски гигант, по што беше испратен на позајмица на една сезона во Зрињски.

Тој блесна во шампионатот на БиХ предводејќи го својот тим до двојна круна, по што се врати назад на „Максимир“ и се избори и за првотимски статус во Динамо.

Тој одигра 75 натпревари за „модрите“ од Загреб постигнувајќи девет гола и 11 асистенции. Трансферот на Сучиќ беше начелно договорен уште од февруари, а денеска и официјално беше потврден од страна на италијанскиот фудбалски гигант.

Динамо Загреб има загарантирани 14 милиони евра од овој трансфер, плус дополнителни 2,5 милиони што би можеле да бидат доплатени ако се исполнат одредени клаузули од договорот.

Се вчитува...