Интер го промовираше своето најново засилување

Напаѓачот Анж-Јоан Бони е нов играч на Интер. Високиот напаѓач кој има француски пасош, а по потекло е од Брегот на слоновата коска, потпиша за Интер. На иницијатива на тренерот Кристијан Киву, кој работеше со него во Парма, доаѓа во „црно-синиот“ тим од Милано.

Минатата сезона Бони постигна шест гола во 37 настапи во Серија „А“.

„Многу брз и моќен напаѓач, со одлична физичка предиспозиција и мобилности, Бони е централен напаѓач кој придонесува за тимот, офанзивен плејмејкер способен да создаде опасност за противниците со својата одлична техника“, стои во објавата на Интер.

Се вчитува...