Интер го растури Удинезе, не се откажува од ЛШ

Фудбалерите на Интер експресно се рехабилитираа од шокантниот пораз од Јувентус во минатото коло, па со денешната убедлива победа над Удинезе од 0-4 јасно ставија до знаење дека немаат намера да се откажат од битката за скудетото.

„Нероаѕурите“ одиграа беспрекорен меч, решавајќи го со три гола уште во првото полувреме што ги постигнаа Ранокија, Рафиња и Икарди. Удинезе делуваше инфериорно, а домаќините на почетокот од вториот дел останаа и со фудбалер помалку поради исклучувањето на Фофана. Интер го искористи тоа за постигнување на четврти погодок преку Борха Валеро, за печат на заслужената победа.

Тимот на Лучијано Спалети со оваа победа има 69 бода, еден помалку од Рома и Лацио кои се наоѓаат на третото и четвртото место (пласман кој води во ЛШ). Сепак, двата римски клуба имаат и натпревар помалку од Интер, Лацио денеска ја пречекува Аталанта, додека Рома му гостува на Калјари.

Се вчитува...