Интер убедливо го совлада Милан и го освои трофејот во Супер-Купот. Во натпреварот одигран во Ријад, „нероазурите“ го совладаа својот градски ривал со 3-0.
Милан одигра подпросечен натпревар, иако го имаше поседот на топката, сепак, немаше доволно шутеви кон голот на Онана.
Уште по првиот дел Интер водеше 2-0. Во 12. минута Димарко по одлична акција и контранапад, го совлада Татарушану за предност. Во 21. минута Един Џеко постигна гол и го зголеми водството. Интернационалецот од БИХ одлично мина по левата страна, и погоди во голот.
Во вториот дел Пиоли со измени се обиде да ја „разбуди“ екипата, но тоа не успеа. Печат на победата стави Мартинез во 77. минута. Прекрасен гол постигна Аргентинецот, откако со „надворешна“ ја зафати топката и го најде патот во мрежата.
Одбраната на Милан беше катастрофална на овој меч, и Пиоли ќе мора да ја среди ако сака да се надева на одбрана на титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА