Интер е блиску до постигнување договор со крилото на ПСЖ, Анхел Ди Марија, за сума од 45 милиони евра, велат медиумите од Италија. Според информациите, аргентинскиот репрезентативец ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ со помош на Пепе, кој наводно се согласил да ја продолжи кариерата во редовите на калчолигашот откако ќе му заврши договорот со Реал Мадрид.
Пепе и Ди Марија се под закрила на суперагентот Жорге Мендеш, човекот кој ги повлекува сите конци за овој трансфер да се реализира, па сака да ги донесе во пакет своите клиенти и повторно да соработуваат. Исто така, големо влијание за овој трансфер има и Хавиер Занети, легендата на „нероаѕурите“ и поранешен соиграч на Ди Марија во репрезентацијата на Аргентина.
ПСЖ го сака Иван Перишиќ, но Интер за неговите услуги бара најмалку 50 милиони евра, па можеби ќе пронајдат компромис и ќе договорат разменa за секој да го добие играчот што го посакува.
29-годишниот Аргентинец сезонава во сите конкуренции постигна 14 гола и 15 асистенции на 41 натпревари, а неговиот тим по четири години на врвот на Франција го отстапи тронот на Монако.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА