Интер сака да го доведе играчот од средниот ред на Ливерпул и англиската репрезентација, Куртис Џонс, објави „Скај Спортс“.
Според најавите, Интер и Ливерпул ќе се состанат денеска за да се обидат да дојдат до договор со кој 25-годишниот Куртис Џонс би се преселил во водечкиот тим од Серија А.
Играчот од средниот ред со 208 настапи за Ливерпул вреди 40 милиони евра според „Трансфермаркт“ и е под договор до крајот на следната сезона. Интер сака да го доведе на позајмица со опција за откуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

