Трансферот на Иван Перишиќ не е единствена тема на разговор меѓу Интер и Арсенал, откако беше обелоденето дека „нероаѕурите“ сакаат да го видат во своите редови Месут Озил. Германецот не е дел од плановите на Унаи Емери за вториот дел од сезоната и Арсенал би го продал кога би добил соодветна понуда, само што дури ни Интер не е подготвен за целосно да го откупи договорот што овој фудбалер го има со „топчиите“.
Причината е јасна – новиот договор што Озил минатата зима го потпиша со Арсенал за плата од 400.000 евра неделно што не сака да го преземе како товар ниту еден европски клуб. Затоа и понудата на Интер е децидна, позајмица до крајот на сезонава, но само за плата од 200.000 евра неделно, додека остатокот ќе треба да го покријат „топчиите“.
Ситуацијата во која се наоѓа Арсенал е незавидна, доколку се одбие понудата на „нероаѕурите“ Озил би останал во Лондон, што е ризик за дополнително влошување на атмосферата во соблекувалната кога најплатениот фудбалер воопшто не игра на теренот.
Останува да се види дали Арсенал би можел да го искористи германскиот плејмејкер како „џокер“ во преговорите за Перишиќ, за и двата клуба да се ги исполнат желбите, Хрватот да дојде на „Емирати“, а Германецот да се испроба и во Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА