Ромелу Лукаку е херојот на Интер во вечерашниот триумф над Хетафе (2-0) и пласманот во четвртфиналето од Лигата на Европа, меч на кој „нероаѕурите“ имаа и многу среќа ако се знае дека шпанскиот состав во второто полувреме не реализираше пенал.
Хетафе подобро го почна мечот и во првите дваесетина минути создаде две убави шанси, но Хандановиќ ја сочува мрежата. Лаутаро Мартинез имаше два опасни шутеви што противничкиот голман ги одбрани, но кога дојде ред на Лукаку, Белгиецот биеше прецизно во мрежата на шпанскиот состав. Хетафе се обиде да стори нешто повеќе во вториот дел, доби идеална шанса за израмнување кога беше досуден пенал за играње со рака на Годин, но Молина шутираше крај дирекот. Казната стигна на осум минути до крајот, кога нововлезениот Ериксен одлично се снајде и стави печат на победата. Следен ривал на „нероаѕурите“ ќе биде подобриот од двомечот Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс, на кој „фармацевтите“ имаат предност од 3-1 од гостувањето во Шкотска.
Манчестер Јунајтед целата работа си ја заврши со победата од 0-5 во Австрија, па Оле Гунар Солскјер одмори девет првотимци (сите освен Мегваер и Вилијамс) на вечерашниот реванш против ЛАСК. Дуелот заврши со триумф над Јунајтед од 2-11, гостите први поведоа со евроголот на Вајсингер, Јунајтед изарамни преку Лингард, а по влегувњето во игра на Погба и на Марсијал, токму францускиот напаѓач го постигна голот за победа во 88. минута.
Inter 1-0 Getafe (Lukaku) delivers a stunning finish to give Inter the lead. pic.twitter.com/yBDfGGdvuZ
— InterCoppaItaliaVids (@CoppaVids) August 5, 2020
Inter 2-0 Getafe (Christian Eriksen) pic.twitter.com/bxEktNSfRG
— InterCoppaItaliaVids (@CoppaVids) August 5, 2020
GOAL! Manchester United 2-1 LASK (Lord Martial 88′).
Agg: 7-1#UEL #MUNLASK— Ademola ? (@AdemolaVictor) August 5, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА