Италијанските медиуми објавија дека хрватскиот фудбалер Марсело Брозовиќ ги договорил сите услови со Ал Наср, и дека кариерата ја продолжвуа во Саудиска Арабија, меѓутоа неочекувано Интер го стопираше неговиот трансфер откако увиде што овој тим се обиде да изведе.
Брозовиќ ја одби првата понуда од Саудиска Арабија, и се шпекулираше дека сака да оди во Барселона, но неговиот план бил да добие подобра понуда од С.Арабија.
Ал Наср наместо 20 милиони по сезона, ја зголеми понудата на 30 милиони годишна плата, плус бонуси, и три години договор, со што Хрватот прифати и вечерва требаше да оди на лекарски прегледи.
Меѓутоа „Кориере Дело Спорт“ објави дека Интер го стопирал трансферот на Брозовиќ, поради тоа што наводно „нероазурите“ биле лути поради тоа што наместо 23 милиони веднаш, Интер ќе добие само 13 милиони и два милио низ бонуси. Со тоа италијанскиот тим го стопираше неговиот трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА